5.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Милан ја победи Рома, а херој е голманот Мајк Мењан (Видео)

Милан минимално со 1:0 го доби дербито против Рома, во рамките од 10 коло во Серија А. Со оваа победа на Росонерите, дополнително се направи „мешаница“ при врвот на табелата. Наполи е лидер со 22 бодови, а потоа следуваат Интер, Милан и Рома со по 21 бодови.

Страхиња Павловиќ беше стрелец на единствениот гол на „Сан Сиро“, При еден контра напад, Павловиќ истрча 90-тина метри и на крајот успеа да постигне гол за голема радост на домашните фанови.

Во второто полувреме Рома се обиде да израмни, а најдобрата шанса гостите ја имаа во 82 минута. Беше досуден пенал за Волчницата, а одговорноста да го шутира ударот од белата точка ја презема Паоло Дибала. Аргентинецот биеше силно по земја, но голманот на Милан, Мајк Мењан успеа да одбрани и да ја сочува предноста на домаќините, кои на крајот ги освоија сите три бода.

- Оглас -

Најнови вести