Милан ја победи Рома и дополнително го заниша столчето на Мурињо (Видео)

Екипата на Милан веќе пет години не знае за пораз против Рома, откако вечерва и третпат по ред успеа да ги победи, овојпат со 3-1. Екипата од Милано последниот пораз од Рома го доживеа во 2019-тата година кога загуби со 2-1 на гостински терен.

Домашните одлично го отворија мечот и веќе во 11-тата минута дојдоа во водство од 1-0 преку Јакин Адли.

Откако во првото полувреме беше постигнат само еден гол, во второто следуваа уште три. Најпрво Оливие Жиру во 56-тата минута зголеми на 2-0, а во 69-тата Паредес намали на 2-1 од пенал.

Конечните 3-1 за Милан беа дело на Тео Ернандес во 84-тата минута.

Милан со оваа победа останува на третата позиција со 42 бодови, девет помалку од градскиот ривал Интер кој е лидер и четири помалку од второпласираниот Јувентус. За разлика од нив, Рома останува далеу од битката на Европа и со 29 поени е на деветтата позиција.

- Оглас -

Најнови вести