-3.2 C
Skopje
среда, 31 декември 2025

Милан ја потврди големата зделка, се знае и точната сума која се пресметува во милијарди

Италијанскиот фудбалски првак Милан и официјално потврди дека има нов сопственик, а тоа е RedBird Capital Partners. Американската инвестициска компанија ги купи Росонерите од Elliott Management Corporation, и тоа за сума од 1,2 милијарди евра.

Новите сопственици добија топло добредојде во просториите на италијанскиот гигант, кој неодамна се израдува на титулата во Серија А, прва по пауза од11 години.

Новите сопственици потенцираа дека нивна главна цел е да направат Милан да напредува и во иднина да освојува нови трофеи. Паоло Малдини останува на директорската функција, а новиот газда Гери Кардинале кратко искоментираа: „Не сакам да губам, сакам да победувам“.

- Оглас -

Најнови вести