Милан по шест последовни порази конечно возврати и успеа да го победи Интер со 1-2 во Дерби дела Мадонина. Тоа е одлилна вест и за тренерот Пауло Фонсека кој беше под сериозен притисок дека би можел и да ја напушти клупата на Росонерите доколку нема успех на вечерашното дерби.
Кристијан Пулишиќ во десеттата минута донесе предност за Милан, а израмни Федерико Димарко во 27-та минута.
Милан како повеќе да посакуваше триумф вечерва, тргна во напад во финишот, а победата ја донесе Матео Габија, со удар со глава во 88-та минута од мечот.