5.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Милан ја растури Верона и се искачи на врвот од Серија А (Видео)

Фудбалерите на Милан и 15-ти меч по ред не знаат за пораз во Серија А, а по победата од 3-0 над Верона се искачија на врвот од табелата, барем привремено. „Црвено-црните“ ќе бидат лидери најмалку до вечер и ќе го чекаат исходот од мечот помеѓу Аталанта и Интер, па евентуален кикс на нивниот градски ривал, ќе значи дека ќе ја пречекаат новата година на првата позиција.

Милан ја победи Верона со голот на Пулишиќ во првото полувреме и двата на Нкунку во вториот дел.

Верона и по овој меч останува без гостинска победа над Милан, со оглед на фактот дека никогаш во историјата немаат победено на гостувањата на Сан Сиро.

- Оглас -

Најнови вести