Милан го победи Емполи со 1-0, и му побегна пет бода на второпласираниот Интер, кој има и два натпревари помалку, па сега е под притисок дека мора да ги добие ако сака да биде прв.
Голот за Росонерите го постигна Пјер Калулу, на кого ова му е прв гол во Серија А сезонава.
Претходните два гола во кариерата на Французинот беа есеноска против репрезентацијата на Македонија во квалификациите за ЕП за играчи до 21 година. Интересно е што Калулу во Серија А досега имаше дадено само еден гол, во минатата сезона против Џенова, а и тогаш против себе имаше македонски фудбалер, Горан Пандев.
Ова е убавиот гол на Калулу кој му донесе важни три бода на Милан:
https://twitter.com/i/status/1502747103021441024