Милан ја слави „деветнаесетката“ – Сигурна победа и скудето по 11 години пауза (ВИДЕО)

Екипата на Милан е новиот шампион на Италија со што ја освои 19-титула во Серија А, во својата историја.

Чекањето од 11 години заврши, а печатот беше ставен со триумфот на гостински терен против Сасуоло со 3:0.

За разлика од Премиер лигата, овде немаше голема драма и прашањето за тоа кој ќе биде првак, беше познато по првиот дел. Оливие Жиру 17′ и 32′, како и Франк Кеси пред самиот крај на првиот дел ги донесоа шампионските трите бода за „миланезите“.

Интер ја победи Сампдорија исто така со 3:0, но тоа не беше доволно за „нероаѕурите“ да го одбранат тронот. На крајот, Милан финишираше со 86 бода, додека Интер дојде до бројката од 84.

 

- Оглас -

Најнови вести