Милан ќе го продава, Сити веднаш се јави да го купи

Францускиот интернационалец, Тео Ернандес, и Милан нема да го продолжат договорот кој му истекува летото 2026 година, а значи дека фудбалерот ќе оди на продажба уште летово.

Откако беше објавена оваа информација, веднаш со интерес за негово купување се јави Манчестер сити. Пеп Гвардиола сака да го ангажира 27-годишниот лев бек, како дел од реконструкцијата која се подготвува на „Етихад“.

Моменталната вредност на Ернандес е 50 милиони евра, но оглед на тоа дека договорот му истекува следното лето, Милан би се согласил и на нешто помало обесштетување за фудбалерот кој пред шест години го купија од Реал Мадрид за 22.8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести