Милан ќе го загуби Леао, но ќе добие 70 милиони евра за него!?

Рафаел Леао е еден од најдобрите играчи сезонава во Серија А и вистински лидер на Милан во походот да стигне до првото Скудето по пауза од 11 години. Португалецот, кој има само 22 години, игра одлично. Може да игра и по крилната напаѓачка линија, но и како центарфор.

Сезонава во 32 меча во Серија А, Леао постигна 10 голови, од кои дел беа клучни за освојување бодови во трката за титулата. Токму затоа повеќе екипи се заинтересираа за Леао, а, секако, прв на листата е Пари Сен Жермен.

Сè поверојатно е дека Килијан Мбапе од ПСЖ ќе направи трансфер во Реал Мадрид и Светците ќе мора да најдат замена за нивниот најдобар напаѓач. За Леао се подготвени да платат 70 милиони евра. Тоа е речиси два и пол пати повеќе пари од тоа што Милан пред три години му плати на Лил за да го доведе на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести