Милан ќе му даде нов договор на Ибрахимовиќ

Милан ќе му го продолжи договорот на Златан Ибрахимовиќ за уште една сезона, најавува италијанскиот „Калчомеркато“. Актуелниот договор на Ибра со Росонерите истекува на крајот од оваа сезона, но многу веројатно дека соработката ќе биде продолжена.

Ибрахимовиќ сезонава одигра шест меча за Милан во сите натпреварувања и даде три гола, а имаше и две асистенции. Тој беше најзаслужен за последниот триумф во дербито на „Олимпико“ против Рома, што е доказ дека е главна алка во екипата.

Погодокот против Рома беше јубилеен 400-ти за него во првенствени средби, а 150-ти во Серија А. Златан игра на професионално ниво уште од минатиот век, односно од 1998 година кога дебитираше за Малме. Пред еден месец тој го прослави 40-тиот роденден, но најави дека не планира наскоро да оди во пензија. Ибра дури е повикан и во репрезентативниот дрес на Шведска за претстојните дуели против Грузија и Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести