Милан има големи шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, а управата веќе почна со плановите околу засилување на екипата. Во игра се двајца фудбалери од Балканот кои Росонерите високо ги ценат и веруваат дека ќе добијат на квалитет.
Душан Влаховиќ, младиот напаѓач на Фиорентина, е главната цел на седумкратниот европски првак, во кого гледа идеална долгорочна замена за ветеранот Златан Ибрахимовиќ. Некогашниот талент на Партизан сезонава брилјира во виолетовиот дрес со 12 погодоци со што го привлече вниманието на поквалитетните екипи, па затоа неговата цена на пазарот е 40 милиони евра.
Милан го посакува и хрватскиот плејмејкер на ЦСКА Москва, Никола Власиќ. „Матурантот“ од Динамо Загреб е еден од главните фудбалери на ЦСКА Москва и меѓу најдобрите во Русија, а наводно неговата вредност е 30 милиони евра.
Во редовите на Милан веќе има четворица фудбалери од екс-ју просторите, тоа се Хрватите Ребиќ и Манџукиќ, Босанецот Круниќ, а и Швеѓанецот Ибрахимовиќ има балкански корени.