Милан конечно го доведе првото засилување и тоа е италијански репрезентативец (Видео)

Италијанскиот репрезентативец Самуеле Ричи е нов играч на Милан. Ричи меѓу Росонерите пристигнува како прво летно засилување. Тој ќе биде замена за Тијани Рејндерс, кој беше продаден во Манчестер сити за сума од 60 милиони евра и се појави „дупка“ во средниот ред.

Ричи на „Сан Сиро“ доаѓа од тимот на Торино и тоа за трансфер вреден 25 милиони евра. Со добрите игри Ричи си обезбеди и сигурно место во репрезентацијата на Италија, па веќе има и 10 настапи.

Ричи денеска треба да ги помине лекарските прегледи во Милан, а потоа да биде промовиран во нов играч на Росонерите. Кариерата на овој играч започна во Емполи, а потоа во 2022 година за сума од 8,5 милиони евра направи трансфер во Торино.

Покрај Ричи во Милан за скоро време се очекува пристигнување на Лука Модриќ од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести