Македонскиот репрезентативец и член на Вардар 1961, ракометарот Милан Лазаревски, ќе паузира три месеци по операцијата на десното рамо која му беше направена во Загреб.
Пивотменот на Вардар беше опериран од страна на д-р Никола Чичак, а се предвидува отсуство од ракометните терени во траење од три месеци.
Популарниот Мечка ќе биде во аут неколку месеци и тоа е голем удар за Црвено-црните, кои треба да играат и во групната фаза на Европската лига.
Дел од фановите на Вардар негодуваат по социјалните мрежи и прашуваат зошто операцијата не е направена порано, по завршувањето на минатата сезона и рехабилитацијата би ја имал додека е пауза во лигата, туку сега, па тимот ќе треба цела есен да биде без еден од своите клучни играчи.