23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Милан летово ќе гостува во Приштина

Милан ќе игра против Фероникели од Косово на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Косово на 20 август. Ова беше соопштено од таборот на некогашниот италијански и европски првак.

„После турнејата во САД и во Кардиф, доаѓањето во Приштина ќе биде шанса за навивачите на Росонерите од Косово, но и од соседните балкански земји, во живо да го следат својот омилен клуб во подготвителниот период“, стои на порталот „Милан-вести“.

Фероникели е тимот кој игра во квалификациите за Лигата на шампиони и веќе успешно ги помина претквалификациите, па сега го очекуваат настапи во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести