2.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Милан, Лион и Порто не смее да згрешат

1009 Астон вила – Евертон (17:30 ч.)

Најпријатното изненадување во Премиер лигата е Астон вила тим кој на домашен терен има осум победи во 10 дуели. Евертон е ривал кој знае да изненади, но нема добар биланс до тимот од Бирмингем. Астон вила има седум победи, две реми и само еден пораз од Евертон и јасно е кој ја има улогата на фаворит.

Во последните 10 средби Астон вила дури девет пати одигала гол-гол 3+ комбинација, што е најава за возбудувања и погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

1709 Лион – Брест (20:45 ч.)

Кога игра на свој терен, Лион е фаворити и против многу појаки ривали од Брест. Пет победи во последните пет меча има Лион, па главна цел е да ја продоолжат оваа низа.

Брест игра без многу калкулации, сака да се надмудрува со ривалите и може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1&2-4 (2.60)

 

3613 Милан – Лече (20:45 ч.)

Дуел на два тима кои имаат целосно различни амбиции. Милан е втор и се бори за врвот, додека Лече е на 17 место последно кое носи спас од испаѓање. Лече е во очајна форма и освои само еден бод во последните пет дуели, а кога се работи за пресметките против Милан им се кошмар, па Росонерите имаат пет победи во низа во меѓусебните средби.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.17)

 

1309 Селта Виго – Рајо Валјекано (18:30 ч.)

По слабиот почеток на сезоната, Селта Виго полека влезе во посакувануот ритам па во последните пет кола освои 13 од можните 15 бодови и се искачи на седмото место на табелата. Целта на Селта е да се бори за излез во Европа.

Сепак, Рајо им е не многу посакуван ривал, бидејќе го немаат победено во последните пет пресметки. Од последните 10 меѓусебни дуели, дури шест пати било нерешено, а Рајо е познат како тим кој сака да игра дефанзивно.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.01)

 

1543 Викторија Гимараеш – Порто (21:30 ч.)

Порто e машинерија која има 16 победи и само едно реми во 17-те меча во домашното првенство, што значи дека за домаќините ќе биде голен предизвик да останат непоразени.

Интересно е дека Викторија Гимараеш пред еден месец направи големо изненадување и со 3:1 го елиминираше Порто на гости во Купот, што значи дека Порто ќе бара реванш.

Предлог тип: 2&0-3 (2.11)

 

- Оглас -

Најнови вести