Италијанскиот гигант Милан е со перфектни шест бода по првите две кола во Серија А, откако вечерва на „Сан Сиро“ убедливо со 4:1 го победи Торино. Првите 30 минути беа неинтересни, но потоа до крајот на првото полувреме имаше ревија од четири гола за само 15 минути.
Росонерите поведоа со голот на Пулишиќ, а гостите израмнија на 1:1 во 36 минута. До крајот на првиот дел, беше досуден пенал за Милан кој го реализираше Жиру, а потоа погоди и Тео Ернандес.
Во вториот дел беше досуден уште еден пенал за домаќините, а Жиру по втор пат беше прецизен. Милан моменално е лидер во Серија А.
За разлика од Милан, Рома очајно ја почна сезоната посебно во одбраната. Откако Римската воличца одигра 2:2 дома против Салернитана во првото коло, сега прими два гола во првиот дел од Верона.