Ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид завршува на крајот од Светското клупско првенство. Јасно е дека Хрватот си заминува од „кралскиот“ клуб, а се поизвесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Сепак, американските медиуми откриваат дека Хрватот имал желба да продолжи во друг клуб, но откако неговите менаџери биле одбиено, ја прифатил понудата од членот на Серија А.
Во кулоарите се појавила информација дека Интер Мајами сака да ангажира уште една голема фудбалска ѕвезда, па веднаш им биле понудени Лука Модриќ, Кевин де Бројне и Нејмар, но сите тројца биле одбиени од страна на сопственикот на клубот, Хорхе Мас.
Модриќ имал голема желба да игра во иста екипа со Лионел Меси, но таа барем засега, нема да му се исполни.