Милан не го дава првото место во Серија А – Петка за Леао во 2022 година на „Сан Сиро“ (ФОТО)

Милчан се врати на лидерското место во Серија А, откако со 2:0 ја победи Џенова во меч од 31-то коло во италијанската Серија А лига.

Со головите на Рафаел Леао (11′), за кого ова е број пет во 2022 на „Сан Сиро“ и Џуниор Месијас (87′), лидерот пред ова коло, ќе остане на врвот и по ова.

Џенова едноставно немаше сили да биде достоен ривал и да му откине бодови на великанот од Милано во борбата за титулата, и на своевиден начин да им помогне на Интер и Наполи.

Милан сега има 71 бод, два повеќе од Интер но и натпревар повеќе, додека Наполи е под број три со 66 бода и исто така натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести