24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Милан не го пријави Лука Јовиќ за Лигата на шампионите

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ нема да игра за Милан во лигашката фаза од Лигата на шампионите.

Росонерите не го ставија Лука на пријавната листа, па се појавија шпекулации дека би можело да заврши во Црвена ѕвезда, која е ривал на Милан, и овие два тима ќе играат меѓу себе во Милано. Од тоа нема да има ништо, Јовиќ останува во Милан, но ќе игра само во Серија А.

Нападот на Милан во ЛШ ќе го сочинуваат Мората, Леао, Пулишиќ, Окафор, Чуквуезе и Абрахам.

Јовиќ беше стартер во првото коло од Серија А против Торино, но отиде на клупата на следниот натпревар против Парма, додека не беше достапен против Лацио викендов поради болки во грбот.

 

- Оглас -

Најнови вести