Милан не издржа со играч помалку, Роналдо застрела и во 11-тиот меч во низа (видео)

Милан не издржа во финишот за да има резултатска предност во пресрет на реваншот против Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија. Росонерите и Бјанконерите ремизираа при конечни 1-1 во првата пресметка која се одигра на „Сан Сиро“, што значи сите карти се отворени за втората возвратниот меч. Избраниците на Стефано Пиоли одично им парираа на фудбалерите во црно-бели дресови, на моменти беа поконкретни од гостите од Торино и може да се каже дека победата е заслужена.

Во првото полувреме мрежите мируваа, иако домаќините во неколку наврати му се заканија на Џиџи Буфон, но ветеранот меѓу диреците беше на ниво на задачата. Хрватскиот офанзивец се радуваше на погодок по еден час игра, а потоа Милан мораше да го брани водството со играч помалку бидејќи Ернандес заработи црвен картон на дваесетина минути пред крајот на средбата.

Се чинеше дека домаќините ќе слават победа, меѓутоа судијата Валери покажа кон белата точка откако се консултираше со ВАР-собата. Ударот на Роналдо заврши во раката на Калабрија, а пеналот го претвори во погодок. Инаку за Роналдо ова е 11-ти меч во низа во кој реализира гол за Јувентус.

Реваншот на „Алијанц стадионот“ во Торино ќе се одигра на 4 март.

https://twitter.com/HDGoalsLive/status/1228063557738278913

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести