Вечното миланско дерби овојпат има посебн тежина. Интер е прв со 67 бодови, додека Милан е втор и заостануав дури 10 бодови. Тоа значи дека Росонерите едноставно мора да бркаат победа, за да останат во трка за скудетото.
Милан ќе има поголема поддршка од трибините затоа што е домаќин, но кога се работи за овие пресметки, тоа не мора ништо да значи. Во последните 10 дуели на градските ривали, билансот е израмнет. Двата тима имаат по четири победи, а два пати било нерешено. Сепак, факт е дека Милан во последните шест пресметки со Нераѕурите има четири победи и две реми. Од последните осум меча, на седум двата тима постигнувале барем по еден гол, па интересно ќе биде да се види кој прв ќе погоди вечерва.
Според квотите, Маркус Тирам е главен фаворит за стрелец на првиот гол, а потоа следуваат Бони, Леао, Еспозито, Пулишиќ, Нкунку… Привлечна е и комбинацијата Милан да победи, а Леао да даде гол, носи квота од точно шест.
Тука се и многуте игри поврзани со статистиката, па така може да се бара бројот на удари во рамките на голот, изведените корнери, бројот на доделени жолти картони, направени фаули, „уловени“ недозволени офсајд позиции…


