1011 Бирмингам – Кардиф (20.45 часот)
По победите во претходните две кола во Чемпионшип, сега екипата на Бирмингам малку полесно дише, не е во опасната зона на табелата, а вечерва има противник против кој може да ја продолжи триумфалната серија. Кардиф губеше во последните четири кола, и тоа трипати со по 0-1 и еднаш со 1-3. Велшаните се најнеефикасен тим во лигата, а Бирмингам многу често и кога губи дава гол(ови). Во август, Кардиф како домаќин победи со 1-0, а на претходните два дуела на овие тимови во Бирмингам, одиграни во 2021 година паѓаа по четири гола. Бирмингам од 2017 година чека победа над Кардиф.
Предлог тип: 1 (2.30)
1032 Оксфорд јунајтед – Плимут (20.45 часот)
Плимут е лидер во англиската трета лига, позната како Лига 1, додека Оксфорд е 16-ти и има освоено само еден бод во последните пет кола и редовно игра мечеви со 1-3 гола. Плимут има дадено 54 гола на 30 меча, но ќе треба малку да ја стегнат одбраната ако сакаат директен влез во Чемпионшип. Претходните два меѓусебни дуела завршуваа со победи на Плимут од 1-0, а пред тоа петпати едноподруго имаа 3+.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.50)
1576 Гленторан – Линфилд (20.45 часот)
Ова е дуел на два тима кои ќе играат во плејофот на првенството на Северна Ирска. Линфилд има 10 бода повеќе, но и Гленторан е во форма, освои 10 бода во последните четири кола. Гленторан има само три ремија во 24 настапи, а тие ја имаат и втората најдобра одбрана во лигата. Нападот е силното оружје на Линфилд, имаат просек од два гола по меч, а и овој тим ретко игра нерешено, само четири пати во 27 кола.
Предлог тип: Х2 & 0–3 (2.05)
6008 Милан – Тотенхем (21.00 часот)
Милан и Тотенхем во овој прв осминафинален двобој од ЛШ влегуваат со проблеми, имаат по неколку повредени играчи на кои не може да сметаат, а повредени им се и првите голмани. Тотенхем нема ниту еден нерешен резултат во 2023 година, Милан точно пред еден месец последен пат одигра нерешено, но овој меч има специфична тежина. Меѓусебните дуели најчесто им завршувале со 0-2 гола, а Милан никогаш не ги победил Петлите.
Предлог тип: Х било кога (1.77)
6004 ПСЖ – Баерн (21.00 часот)
Баерн има проблем што нема да настапат Нојер, Мане и Лукас Ернандес, а Светците се комплетни, но Мбапе не играше извесен период и можеби не е во ритам. Баварците последниот пораз го претрпеа уште во средината на септември, а интересно е што последните три меѓусебни дуели на овие екипи во ЛШ, секогаш ги добивал тимот кој имал улога на гостин. Традицијата вели и дека секогаш имало победник.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)