1806 Лајпциг – Борусија Дортмунд (18:30)
Ако нешто може да се очекува од германските екипи, тоа секако се головите. Токму затоа и очекувањата од мечот помеѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд се дека ќе има вистинска голеада и тоа во двете мрежи. Тоа го вели и традицијата, па ако се погледнат нивните три последни дуели ќе може да се забележи дека било така. На последниот меч Борусија Дортмунд победи со 2-1, претходно двапати славеше Лајпциг, со 4-1 дома и 2-3 на гостински терен.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.91)
3005 Торино – Емполи (20:45)
Елиф Елмас од трансферот во Торино одигра четири меча за новата екипа, а на три од нив се запиша во листата со стрелците. Токму таков е и билансот на Торино, на три од последните четири дуели одигра 3+, а на два од последните три меча против Емполи имаше по најмалку три гола. Очекувањата се слични и за вечерниот дуел на овие две екипи, ефикасен фудбал и голови.
Предлог тип: 3+ (2.20)
1304 Виљареал – Реал Мадрид (18:30)
Реал Мадрид после тешкиот меч против градскиот ривал, Атлетико, во Лигата на шампионите, го очекува незгодно гостување кај петтопласираната екипа во Ла Лига, Виљареал. Сепак, и покрај големиот напор и 120-те минути во средата, ако сакаат да го задржат чекорот со Барселона во борбата за титулата, тогаш „кралевите“ ќе мора да одат на победа. Во првиот дел од сезоната Реал на домашен терен го победи Виљареал со 2-0, но постедното гостување на популарната „Ла Керамика“ беше спектакуларно и заврши 4-4.
Предлог тип: 2 (2.35)
1003 Манчестер сити – Брајтон (16:00)
Манчестер сити никако да заигра во препознатлива форма и да врзе неколку победи во Премиер лигата. Сепак, пред избраниците на Пеп Гвардиола попладнево е меч кој мора да го добијат. На „Етихад“ гостува екипата на Брајтон, која им само бод помалку од „граѓаните“, па битката за пласман во Лигата на шампионите може да се претвори во вистински пекол, доколку Сити не победи. Последниот меч на овие две екипи заврши во корист на Брајтон со 2-1.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.96)
3004 Милан – Комо (18:00)
На дуелот против Лече конечно заврши црната серија на Милан, па со магичен пресврт од 2-0 до 2-3 конечно победија во Серија А. Против Комо имаат одиграно четири меча и на сите четири победи Милан, па нема зошто традицијата да не продолжи и денес и „црвено-црните“ повторно да забележат победа со која ќе си ги задржат шансите да се борат за пласман во Лигата на шампионите.
Предлог тип: 1 (1.80)