Милан нуди решение за Дани Олмо и за Барселона

Калчолигашот Милан нуди своевидно решение за ситуацијата на Дани Олмо во Барселона. Тој не може да биде регистриран поради проблемите кои ги имаше и само делумно ги реши каталонскиот гигант.

Според „Мундо Депортиво“, Милан е заинтересиран да го доведе Дани Олмо.

Италијанскиот гигант сака да го ангажира шпанскиот репрезентативец како слободен играч до летото, со можност тогаш да се врати во Барселона. Планот е да се потпише краткорочен договор со времетраење од пет месеци.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го чека одговорот на Олмо, како и на неговиот агент Енди Бара, за оваа понуда.


Доколку биде постигнат договор, тоа би бил значаен потег за Милан во обидот да ја засили својата офанзива во текот на пролетниот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести