Видео кое покажува колку е Милан очаен

Милан и сезонава е катастрофален, само со 10 бода од 9 меча е на 12-тото место во Серија А. Во последниот меч, Росонерите загубија на гости кај Рома, а играта на Милан беше очајна. Не може на прсти да се избројат грешките кои ги направија фудбалерите на Милан и поразот беше очекуван.

На „Твитер“ се појави компилација од грешките што ги имаа фудбалерите на Милан во дуелот против Рома, а тоа што беше впечатливо е дека сите играчи прават почетнички киксови, па едноставно се потврдува дека целиот тим е многу слаб.

Сите грешки на играчите на Милан во дуелот против Рома може да ги видете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести