Милан одигра одлична генерална проба против Марсеј пред стартот на новото првенство во Италија, победи со 2:0, а како играше покажа дека е подготвен да ја одбрани титулата.
Росонерите брзо направија недостижна предност, а акциите и головите им беа прекрасни.
Првиот гол го постигна Жуниор Месајас, по прекрасна акција во 11. минута на италијанскиот првак.
Бразилецот беше асистент на вториот и последне гол на мечот што го постигна Оливие Жиру во 28. минута.
Милан ќе ја почне одбраната на Скудетото во Италија на 13. август на домашен терен против Удинезе, тим за кој игра Илија Несторовски.