Хакан Чалханоглу ги налути Росонерите со преселбата во редовите на лутиот градски ривал Интер, чијшто член ќе биде во наредните три години, но Милан нема да седи со скрстени раце и веќе подготви негова замена.
Имено, Паоло Малдини исконтактирал со португалскиот суперагент Жорж Мендеш околу ангажман на неговиот клиент Хамес Родригес, кој наводно сака да си замине од Евертон, поради што Карло Анчелоти ја напушти екипата со цел да се врати на кормилото на Реал Мадрид.
Милан бара начин како да го доведе искусниот колумбиски плејмејкер на „Сан Сиро“, а првата понуда е привремена размена со напаѓачот Рафаел Леао, кој би немал ништо против да заигра за Карамелите во Премиер лигата. Двата клуба би направиле трампа со позајмување играчите на една сезона, по што Милан ќе може да го ангажира Хамес како слободен играч следното лето, кога ќе му истече договорот со Евертон.
Во меѓувреме управата на седумкратниот европски првак работи на уште три ангажмани кои треба да дојдат од Челзи. Оливие Жиру е најблиску до потпис, додека се вршат напори за Сините да го пуштат Хаким Зијех на позајмица, како и деструктивецот Тиму Бакајоко.