Милан ја победи Црвена ѕвезда со 2-1 на „Сан Сиро“, но остана без двајца фудбалери кои се здобија со повреди. Шпанскиот напаѓач Алваро Мората и англискиот играч за врска Рубен Лофтус-Чик мораа предвреме да го напуштат натпреварот.
По медицинските прегледи, потврдено е дека Мората има повреда на адукторот, додека Лофтус-Чик има проблеми со тетивата на коленото. Италијанските медиуми објавија дека двајцата најверојатно ќе ги пропуштат сите натпревари до крајот на 2024 година.
За Лофтус-Чик се очекува подолга пауза, а неговата состојба повторно ќе биде проценета за десет дена.
Милан веќе е ослабен поради повредата на американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ, кој оваа сезона е најдобар стрелец на тимот во Серија А.