Милан остана без учество во Европа, но ќе игра пријателски натпревари на три континенти

Сезоната која штотуку заврши беше разочарувачка за Милан, па Црвено-црните нема да играат во европските купови следната сезона, а нема да бидат дел ниту од клупскиот Мундијал во САД.

Тоа значи дека фудбалерите ќе добијат подолг одмор, а потоа ќе имаат турнеја на три континенти, каде што ќе играат пријателски натпревари пред почетокот на следната сезона.

Најпрво на 23 јули во Каланг (Сингапур) ќе играат против Арсенал, а три дена подоцна во Хонг Конг следува меч против Ливерпул. На 31 јули Милан ќе гостува и во Западна Австралија, на меч против локалниот Перт Глори. По враќањето од азиско-австралиската турнеја, последниот меч пред почетокот на сезоната ќе биде против новиот премиерлигаш Лидс, и тоа во Даблин.

Се чини дека раководството на Милан смета дека на овој начин ќе ја надомести финансиската загуба од неиграњето на екипата во европските фудбалски купови следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести