Милан делуваше непобедливо цели осум месеци, во кои Росонерите имаа 24 натпревари без пораз. Таа низа на некогашниот европски првак беше сопрена во четвртокот, кога на „Сан Сиро“ пристигна Рен и славеше со 3:0 во меч од Лигата на Европа.
Само четири дена по тој пораз на Росонерите, вечерва домаќините на „Сан Сиро“ имаат нов голем предизвик. На гости пристигна Верона, која само по 20 минути, водеше со 2:0 на теренот на Милан. Домаќините до полувремето дадоа еден гол и најавија дека во второто полувреме ќе се обидат да направат целосен пресврт.