Милан оваа недела ќе го заврши трансферот на Вокер, веќе се закажани и медицинските тестови

Капитенот на Манчестер сити, Кајл Вокер, во текот на оваа недела ќе се пресели во Милан, а членот на Серија А веќе ги има закажано и медицинските тестови за својот нов фудбалер.

Сепак, останува неизвесно на кој начин ќе се изведе трансферот. Вокер се обидел да го убеди раководството на Граѓаните да му го раскине договорот на 18 месеци пред истекот и да си замине како слободен фудбалер, но Гвардиола не е подготвен да се откаже од неговите услуги.

Кајл Вокер е одлучен да си замине, па сега раководствата на двата клуба ќе се обидат да се договорат за висината на обесштетувањето, а од Милан се подготвени да платат еден милион евра за позајмица до крајот на сезонава и дополнителни пет милиони евра за задолжителен откуп на неговиот договор налето.

- Оглас -

Најнови вести