16.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Милан пет месеци ќе биде без италијанскиот репрезентативец

Италијанскиот првак Милан потврди дека Алесандро Флоренци ќе биде надвор од тимот во следните пет месеци поради повредата која ја здоби на дуелот против сасуоло. Флоренци го повреди мускулот на ногата, поради што мораше да оди на операција која бара подолга рехабилитација.

„Милан потврдува дека Алесандро Флоренци заработи повреда на бицепс феморис на левата тетива, за која беше потребна операција. Операцијата ја направи професор Ласе Лемпаинен во Финска, а на неа беше и клупскиот доктор на Милан, Стефано Мацони. Операцијата беше успешна и Алесандро ќе се врати во Италија каде ќе почне процесот на рехабилитација. Се очекува целосно да закрепне за пет месеци“, стои во соопштението на Милан.

- Оглас -

Најнови вести