Милан „плаче“ за ремонт, Рома ќе ги освои бодовите

Барнли – Челзи  (Премиерлига, сабота 18.30 часот)

Лампард прави одлична работа со младиот тим на Челзи. Иако Барнли игра добро и е незгоден противник, сепак верувам дека гостите ќе продолжат со добрите игри и ќе ги освојат бодовите.

Предлог тип: 2 (1.98) Супер тип на Sport Life

 

Лехија Гдањск – Горник Забже (Екстракласа, сабота 20 часот) 

Гостинот не знае за победа  цели шест години во Гдањск и оtтука фаворитската улога e за Лехиjа. Домаќините имаат квалитетен тим што повторно ќе бие битка за титулата во олска и очекувам нивна победа против Горник.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Џенова – Бреша (Серија А, сабота 20.45 часот)   

Домаќинот едноставно мора да победи. Имаат нов тренер, пристигна Тијаго Мота и верувам дека ќе делува позитивно на Горан Пандев и останатите играчи на Џенова.

Бреша нема победа против Џенова на „Луиџи Ферарис“ и очекувам традицијата да продолжи и денеска со триумф на домашниот тим.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

Ливерпул -Тотенхем (Премиерлига, недела 17.30 часот) 

Реприза од финалето на Лигата на шампионите. Ливерпул е фаворит, се уште нема пораз во англиското првенство, но јас би одиграл овде ГГ3+. Дерби е, нека има голови.

Предлог тип: ГГ3+ (1.86)

 

Рома-Милан (Серија А, недела 18 часот)

Рома е домаќин и фаворит. Милан во ваков состав е просечна екипа во која мора да има коренити промени. Типувам на триумф на „римската волчица“.

Предлог тип: 1 (2.28)

 

- Оглас -

Најнови вести