Милан планира уште едно големо зимско засилување

Милан ќе се обиде да го доведе во своите редови Џенгиз Ундер, што би било уште едно големо зимско засилување за росонерите.

Одличното крило на Рома не игра стандардно во последно време, има помала минутажа од очекуваното и би се преселил во Милано.

Ундер пристигна во Рома во 2017 година од Басакшехир за сума од 14,25 милиони евра и одигра 79 натпревари за Римската волчица. Имаше и доста малери и повреди, но сè уште е млад, има само 22 години и сака поголема минутажа во Серија А.

Милан веќе контактира со турскиот репрезентативец, кој би бил одлично засилување во офанзивниот дел на Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести