30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Милан по стапките на Вардар, третата гарнитура дресови ќе им биде во жолта боја

Италијанскиот гигант Милан ги изненади сите, откако денеска ја промовираше третата комбинација на дресови каде доминира жолтата боја. Популарните Црвено-црни се решија да најдат инспирација во дресот од пред 30-тина години, кога во периодот од 1994 до 1996 година, Милан имаше дресови со нестандардни бои за нив.

Новиот дрес има геометриски шари, црвени логоа на спонзорите и производителите, а е комбиниран со подеднакво жолти шорцеви и чорапи. Многумина ги потсетува на дресот на репрезентацијата на Бразил.

Интересно е дека во новата сезона со жолти дресови како трета комбинација ќе игра и најтрофејниот македонски клуб Вардар. Заедничкото за Вардар и Милан е тоа што основните бои за овие два клуба се црвена и црна, а сега третата комбинација на дресови двата тима ќе ја имаат во жолта боја.

- Оглас -

Најнови вести