11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Милан победи во Купот, но проблем е повредата на Рафаел Леао

Милан се пласира во второто коло од Купот на Италија, но мечот не помина без грижи за тренерот Масимилијано Алегри. Причината е повредата на Рафаел Леао.
Росонерите ја отворија новата натпреварувачка сезона на убедлив начин, со победа од 2-0 на домашен терен против Бари и во следната рунда ќе се сретнат со Лече.

Тренерот Масимилијано Алегри на теренот го испрати речиси најсилниот состав, со исклучок на Лука Модриќ, кој остана на клупата за резерви. Ова се исплатеше веќе во 14-тата минута, кога Рафаел Леао по додавање од Фикан Томори, го отвори резултатот за 1-0.

Меѓутоа, радоста на Алегри и навивачите на Милан траеше кратко бидејќи само три минути подоцна Леао се пожали на повреда и беше принуден да го напушти теренот предвреме.

И покрај тоа, Милан продолжи да доминира и во второто полувреме. Само што започна вториот дел, Кристијан Пулишиќ по додавање од резервистот Хименес, ја погоди мрежата на гостите и го постави конечниот резултат, 2-0, за сигурен триумф на Росонерите.

Пласман во второто коло денеска остварија и Фрозиноне, Парма и Пиза.

- Оглас -

Најнови вести