Италијанскиот калчолигаш Милан е решен да го задржи голманот Мајк Мењан. Според „Газета дело Спорт“, челниците на Росонерите веќе ја упатиле првата официјална понуда до голманот за да остане на „Сан Сиро“. Тие сметаат дека Мењан би бил еден од клучните играчи во тимот за проектот кој треба да доведе нови трофеи во клупските витрини.
Најавите се дека на Мењан му бил понуден договор до летото 2029 година со опција за продолжување до 2030 година. платата која би ја заработувал голманот е седум милиони евра по сезона, плус бонуси. Тоа би требало да биде доволно за голманот да прифати, бидејќи неговото барање било да зарботува 7,5 милиони евра по сезона, сума која може да ја достигне до добивање на бонусите.
Францускиот репрезентативен голман е во Милан од 2021 година и во досегашните пет сезони бранел вкупно на 181 натпревар.

