Милан покажа зошто лани ја освои титулата во Серија А, не и дозволи на Аталанта да шутне ниту еднаш

Фудбалерите на Милан влегуват во победнички ритам токму кога е најпотребно, ја остварија четвртата победа по ред, а последна жртва е екипата на Аталанта. Росонерите славеа со минимални 2:0 и со прикажаната игра покажаа зошто ја освоија титулата минатата сезона.

На гостите не им дозволија да упатат ниту еден шут во рамките на голот на Мајк Мањан.

За разлика од претходните три победи по ред кои беа минимални против Торино, Тотенхем и Монца, вечерва славеа со 2:0.

Првиот гол, беше автогол на Хуан Мусо во 25-та минута, додека конечниот резултат го постави Месијас во 86-та минута.

Дополнителна причина за задоволство на тренерот Стедано Пиоли, претставува враќањето на терените на Златан Ибрахимовиќ, кој влезе во игра во 74-та минута. Ова се први минути за Ибрахимовиќ сезонава, по тешката повреда на коленото што ја доживеа минатата година.

Со победата, Милан се израмни со градскиот ривал Интер на второто место на табелата, двата тима имаат по 47 бода, додека Аталанта остана на шестото место со 41 освоен бод.

- Оглас -

Најнови вести