Милан потпиша со тинејџер од Малме, дали тоа е новиот Ибрахимовиќ?

Милан неодамна потврди дека го задржа Златан Ибрахимовиќ и за наредната сезона, што се оцени како најголемото засилување на Росонерите во овој преоден рок. Освен Ибра, Милан стави потпис со уште еден Швеѓанец. Се работи за 16-годишниот тинејџер Лукас Бјорклунд од Малме.

Малме е клубот од каде што кариерата ја започна токму Ибраимовиќ, па некој велат дека Лукас може да биде новиот Ибра.

„Многу сум среќен и горд што потпишав за Милан. Едвај чекам да започнам во новиот клуб. Голема благодарност за моето семејство кое секогаш ми дава поддршка во се. Вие сте најдобрите. Секако, благодарам и на Малме за двете прекрасни години кои ми ги овозможи. Ми беше чест да бидам дел од најдобриот клуб во Сканднавија“, вели Бјорклунд.

Тинејџерот потпиша тригодишен договор со некогашниот италијански и европски првак.

https://www.instagram.com/p/CEwraiJna55/?utm_source=ig_web_copy_link

 

- Оглас -

Најнови вести