Милан прави чуда, го доведе осмото засилување во овој преоден рок

Италијанскиот гигант Милан во последните неколку години беше мирен кога се работеше за преодниот рок. Росонерите летово решија конечно да „го освежат составот“ и веќе имаат осум нови фудбалери.

Последен во низата кој го стави својот потпис на договор со Росонерите е Јунус Муса. Младиот американски фудбалер наскоро треба официјално да биде промовиран во нов играч на тимот од „Сан Сиро“.

Муса е 20-годишен талент кој во последните три сезони игра за Валенсија и веќе има 108 средби за Лилјаците. Фудбалерот ги договори личните услови и сега останува само клубовите да ги дефинираат деталите. Тој игра во средниот ред и зад себе веќе има и 27 настапи во дресот на американската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести