Милан продолжува да „гази“, вакво постигнување немал 90 години!

Милан дефинитивно е тимот кој блеска во последниве неколку месеци. Росонерите вечерва на свој терен со 3:0 ја победија Спарта Прага, а триумфот можеше да биде и поубедлив доколку Златан Ибрахимовиќ не го промашеше пеналот во првото полувреме.

Некогашниот италијански гигант едноставно потсетува на своите најдобри денови, па Милан може да се пофали дека дури 27 натпревари нема пораз. Дури 22 победи и само пет нерешени е билансот на тимот во последните седум месеци.

Тоа што е уште позначајно, Милан победува со ефикасност. Нападот на тимот од „Сан Сиро“ е одличен, па вечерва стигна до 12-тиот натпревар во низа на кој постигнува барем два погодоци.

Статистиката покажува дека Милан откако започна да се натпреварува во Серија А во далечната 1929/30, досега никогаш немал серија од 12 дуели на кои дава барем два погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести