Некогашниот италијански шампион Милан го промовираше дизајнот на новите дресови и предизвика различни реакции кај навивачите.
Во Италија веќе има големи промени на фудбалските симболи, модернизација на дресовите, а тоа што го промовираше денеска Милан е посебно интересно.
Се работи за дрес на кој традиционалните црвено-црни пруги се „измешани“ со бела боја. Едноставно делува како дизајнерот да сакал да ги „измеша“ домашниот и гостинскиот дрес на Милан во еден нов дрес.

Најавите се дека Милан со новиот дрес може да игра на дуелот против Болоња во понеделник.

