Голманот на Милан, Французинот Мајк Мењан ќе биде капитен на италијанскиот гигант во следната сезона. Мењан ќе ја добие капитенската лента од Давиде Калабрија кој минатата сезона во зимскиот преоден рок беше даден на позајмица во Болоња и му беше најавено дека веќе нема да биде дел од Росонерите.
Оваа одлука за Мењан да биде нов капитен на Милан може да се нарече и историска, затоа што за прв пат по пауза од 64 години, предводник на теренот ќе биде играч кој не е Италијанец.
Според тренерот Масимилијано Алегри, Мењан е вистинскиот човек да биде капитен на Милан во сезоната која ќе започне. Последен пат странец капитен имало во 1961 година и тоа бил Швеѓанецот Нилс Лидхолм.
Каитенската лента посебно во Милан има посебно значење затоа што таа чест му се дава на играч кој лојален, има посебна поврзаност со клубот, а често се гледало и неговото потелко.