Милан првпат дојде на Косово, и предизвика еуфорија кај фановите (Видео)

Седумкратниот европски првак Милан во моментиве го игра својот пријателски меч против косовскиот тим Фероникели, и води со 2-0, со головите на Сусо и Борини. Средбата се игра на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина. Фероникели е клуб кој има стадион со само 6.000 седишта, а бидејќи интересот за гостувањето на Милан беше голем, решија овој меч да се игра во Приштина.

Член на косовскиот првак е и еден фудбалер со македонски пасош, Бесмир Бојку, некогашен член на Шкендија, Ренова и Македонија Ѓорче Петров.

За косовските медиуми најинтересно беше што во експедицијата на Милан која дојде во главниот град на Косово беа легендите Паоло Малдини, Франко Барези и Даниеле Масаро, но и еден српски фудбалер, Раде Круниќ, кој иако е репрезентативец на БиХ, сепак по националност е Србин, но немаше проблем да игра во земјата која Србите не ја признаваат и ја сметаат за своја територија.

Ова е голот со кој Сусо го доведе Милан во водство од 1-0:

- Оглас -

Најнови вести