Милан размислува да го врати Алегри на клупата

Масимилијано Алегри би можел да се врати на тренерската работа и тоа како шеф на стручниот штаб на еден од неговите поранешни тимови Милан, објави „Тутоспорт“.

Росонерите имаат многу лош почеток на сезоната и освоија само два бода по првите три кола, па притисокот врз тренерот Пауло Фонсека се зголемува. Милан донесе некои звучни засилувања летово и има големи амбиции, но не тргнаа добро, па медиумите почнаа да вршат поголем притисок врз Фонсека.

Управата на клубот ја потврди довербата во тренерот, но доколку работите не се сменат, тогаш ќе размислуваат за замена, а најголем фаворит за позицијата е токму 57-годишниот Алегри.

Тој е слободен по заминувањето од Јувентус на крајот од минатата сезона, а во периодот од 2010 до 2014 година го водеше Милан и го освои Скудетото во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести