Милан Ристовски: Уште сме во позитивен шок, нека биде уште поголем по мечот со Португалија

Милан Ристовски е меѓу најмладите репрезентативци во оваа генерација фудбалери што ѝ носи многу радост на Македонија, а по сензационалниот триумф против Италија, сега ни останува уште дуелот со Португалија во Порто на 29 март за историско учество на прв Мундијал.

„Уште сме во позитивен шок и на моментни сè уште не верувам дека ја елиминиравме Италија. Остваривме неверојатен резултат.

Знаевме со кого играме, дека поседуваат голем квалитет, но верувавме од прв до последен момент во себе. Дадовме сè од себе на теренот и фала Богу бевме наградени со успех за желбата, за упорноста и борбеноста.

Ни останува да веруваме бидејќи има само уште 90 минути до настап на Мундијал. Да продолжиме по овој пат и искрено веруваме дека ќе оствариме позитивен резултат против Португалија.

Имаат ист тип на играчи како и Италија, големи фудбалски ѕвезди, но ние веруваме во себе и посакуваме да ја израдуваме Македонија со уште еден голем резултат и прв настап на Светско првенство“, вели Ристовски помладиот.

Неговиот брат Стефан со капитенската лента ја предводи Македонија до исполнување на сонот и прв пласман на Светско првенство во нашата фудбалска историја, а последна пречка е поранешниот европски првак Португалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести