Милан сака блескав хет-трик, им нуди продолжување на договорите на тројца клучни играчи

Паоло Малдини најави дека Милан ќе му понуди продолжување на договорот на Златан Ибрахимовиќ, кој истекува во јуни годинава, па речиси е извесно дека ветеранот и легенда на светскиот фудбал ќе продолжи да игра иако веќе има 40 години.

Понудата на Милан тешко се одбива, а ако се реализира најавата, ќе ги израдува навивачите на Росонерите. Златан игра импресивна сезона и со 14 гола е прв стрелец на тимот што е лидер на табелата во Серија А и е на делба на второто место на листата со најдобри стрелци во Лигата. Постигна 14 гола, колку што имаат и Лукаку и Имобиле, трио кое е за два гола зад Кристојано Роналдо.

Милан веќе долго време се обидува да го продолжи договорот и со голманот Џиџи Донарума и со извонредниот играч од средниот ред Хакан Чалханоглу, па во најава е летен хет-трик што само ќе ја подобри атмосферата во клубот од Милано, кој бие битка за Скудетото и прекин на деветгодишната доминација на Јувентус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести