Поранешниот голгетер на Интер, Ромелу Лукаку, следната сезона би можело да заврши во градскиот ривал Милан. Росонерите го контактирале неговиот сегашен клуб Челзи за да прашаат за можноста за негов трансфер.
Лукаку минатата сезона ја мина на позајмица во друг италијански тим, Рома, каде што забележа 47 натпревари со 21 гол и четири асистенции, но опцијата за негов комплетен трансфер се покажа прескапа за Волчицата и затоа им го вратија на лондончани.
И покрај желбата на Милан да го земе 31-годишниот напаѓач на позајмица, Челзи моментно е отворен само за продажба на белгискиот репрезентативец, кој е под договор уште за две сезони.
Интерес за Лукаку покажува и Наполи со оглед на очекуваното назначување на Антонио Конте за нов тренер, со кого фудбалерот стана шампион на Италија додека беа заедно во Интер.