Милан сака да го врати Алегри на клупата!

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис, имал разговори со досегашниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, во обид да го убеди стручњакот да се врати на чело на стручниот штаб на „росонерите”.

Алегри е последниот тренер кој му донесе титула на Милан во Серија А. Тој во 2014 година си замина од Милан и прејде во Јуве, а сега е слободен и можеби ќе се врати на „Сан Сиро“.

Алегри работеше во Милан од 2010 до јануари 2014 година, кога беше сменет од тогашниот претседател Силвио Берлускони. Последната титула за Милан е од сезоната 2010/2011, кога токму Алегри седеше на клупата.

Како тренер на Јувентус, Алегри освои пет скудета по ред во Серија А. Според шпекулациите, за него се интересираат и Тотенхем, Пари Сен Жермен, Рома и Баерн Минхен.

Џенаро Гатузо нема да остане на клупата на Милан по завршувањето на сезонава, дури и ако тимот се пласира за Лигата на шампионите што им е главна цел. Најавено е заминување и на директорите Леонардо и Паоло Малдини.

- Оглас -

Најнови вести