Милан сака да ја купи ѕвездата на Лил

Милан повторно го обнови интересот кон канадскиот репрезентативец Џонатан Дејвид. Росонерите го следат напаѓачот на Лил во последните две години и ќе се обидат да го купат во зимскиот преоден рок.

Францускиот клуб сè уште не успеа да го убеди 24-годишниот фудбалер да го продолжи договорот, кој истекува во јуни 2025 година. Затоа, Лил ќе ги разгледа понудите за него во зимскиот период, за да не го изгуби без обештетување следното лето.

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, добро го познава Џонатан Дејвид од нивната заедничка работа во Лил. Покрај Милан, за Канаѓанецот се заинтересирани и Интер, Наполи, Барселона и Атлетико Мадрид.


Од почетокот на сезоната во Лига 1, тој има постигнато пет гола во седум натпревари.
За Лил има вкупно 92 погодоци во 196 официјални натпревари. За репрезентацијата на Канада постигнал 29 голови во 56 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести